Останав уште некое време, знаеш, колку да почекам, да видам да не се вратиш случајно. Некое време...да речеме пет минути, десет. Можеби половина час, час најмногу. Не знам ни јас... Не знам ни зошто чекав кога зад тебе јасно се чувствуваше траг од гордост што покажуваше дека шансите да се вратиш речиси и не постојат, а и веќе почна да врне. Немав чадор, немав среќа, немав ни љубов. Како гола да стоев на дождот. Како да чекав да ми го измие лицето и да ги замагли трагите од солзи еднаш засекогаш. А се што беше замаглено беа моите очи. Како и секогаш, главата горе, а самодовербата сепак толку ниско. Ах, што ми правеше, физички цветав, а психички бев како скршена гранка со еден овенат лист на неа. Надеж за пролет. Глупости. Наоколу само сивило. И не знам, најверојатно станало доста студено, затоа што по некое време не си ги чувствував ни рацете ни нозете. Стоев ама не стоев, гледав, а не догледував. Како што поминуваа луѓето брзајќи да се засолнат од поројниот дожд, така јас го гледав твоето лице. Во секој од нив. Од време на време некој ќе ме погледнеше и мене, најверојатно прашувајќи се што правам на овој дожд и дали сум полудела. А јас знаев дека сум полудела уште многу одамна. По тебе. По нас. Немаше "нас". Можеби и никогаш немало...
Која сум јас?
Која сум јас? Многумина од вас ме познаваат. Јас сум девојката со вечната инспирација. Онаа која неисцрпно пишуваше. Девојката која секој ден го преточуваше на хартија. Сега реши да ги подотвори вратите од својот свет и за оние кои досега не ја запознале.
Saturday, October 5, 2013
КАДЕ ШТО НИКОГАШ НЕМА ДА ТЕ НАЈДАМ
Останав уште некое време, знаеш, колку да почекам, да видам да не се вратиш случајно. Некое време...да речеме пет минути, десет. Можеби половина час, час најмногу. Не знам ни јас... Не знам ни зошто чекав кога зад тебе јасно се чувствуваше траг од гордост што покажуваше дека шансите да се вратиш речиси и не постојат, а и веќе почна да врне. Немав чадор, немав среќа, немав ни љубов. Како гола да стоев на дождот. Како да чекав да ми го измие лицето и да ги замагли трагите од солзи еднаш засекогаш. А се што беше замаглено беа моите очи. Како и секогаш, главата горе, а самодовербата сепак толку ниско. Ах, што ми правеше, физички цветав, а психички бев како скршена гранка со еден овенат лист на неа. Надеж за пролет. Глупости. Наоколу само сивило. И не знам, најверојатно станало доста студено, затоа што по некое време не си ги чувствував ни рацете ни нозете. Стоев ама не стоев, гледав, а не догледував. Како што поминуваа луѓето брзајќи да се засолнат од поројниот дожд, така јас го гледав твоето лице. Во секој од нив. Од време на време некој ќе ме погледнеше и мене, најверојатно прашувајќи се што правам на овој дожд и дали сум полудела. А јас знаев дека сум полудела уште многу одамна. По тебе. По нас. Немаше "нас". Можеби и никогаш немало...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment
Note: Only a member of this blog may post a comment.